Челните луѓе на Нетфликс, поради финансиската состојба во светот, одлучија малку да го подзапрат ​​трошењето, па следните неколку години ќе трошат 17 милијарди долари годишно за нови содржини.

Поминавме низ прилично големи деловни транзиции. Станавме „попаметни“ и сега може да ги насочиме нашите трошења за да имаат поголемо влијание, изјави финансискиот Спенсер Нојман.

Иако порано трошеа до 20 милијарди долари годишно, пандемијата остави белег на најголемата стрим-платформа во светот. Конкретно, „Почудни нешта 4“ (Stranger Things 4) им помогна да ги задржат претплатниците, но им донесе и повеќе трошоци…

Посебно таа серија беше погодена од Ковид поради младата актерска екипа, големината и обемот на продукцијата и бројот места на кои снимавме. Беше многу скапо да се испорача таа серија… Финансиското влијание на таа серија беше поголемо од она на други проекти, рече еден од извршните директори, Тед Сарандос.

Една од причините за намалувањето на сезоната било времетраењето на снимањето бидејќи многу од него било забавено и поради претходни прекини и внимавањето за глумците да не се заразат со коронавирус.

Претходно беше објавено дека Нетгликс за три месеци изгубил околу 970.000 претплатници.

OhridNews