Нетфликс го објави списокот од своите 10 најгледани ТВ-серии, според вкупниот број часови што луѓето ги минале, гледајќи ги преку стрим-пренос, во првиот месец од објавувањето на тој наслов. Стрим-платформата првпат објавува ваква топ-листа.

На врвот е „Бриџертон“, а следат „Куќа од хартија“ (La Casa de Papel), „Почудни нешта“ (Stranger Things), „Вештерот“ (The Witcher)… Следи топ 10 листата:

1. „Бриџертон“, сезона 1 – 625 милиони часови,

2. „Куќа од хартија“, 4. дел – 619 милиони часови,

3. „Почудни нешта“ 3 – 582 милиони часови,

4. „Вештерот“, сезона 1 – 541 милион часови,

5. „13 причини зошто“, сезона 2 – 496 милиони часови,

6. „13 причини зошто“, сезона 1 – 476 милиони часови,

7. „Ти“, сезона 2 – 457 милиони часови,

8. „Почудни нешта“ 2 – 427 милиони часови,

9. „Куќа од хартија“ , 3. дел – 426 милиони часови,

10. „Џини и Џорџа“, сезона 1 – 381 милион часови.

Во јануари годинава, Нетфликс објави дека „Бриџертон“ е нивната најуспешна серија на сите времиња. Дотогаш, 82 милиони домаќинства ја гледале историската љубовна приказна со Фиби Дајневор, Никола Кофлан и Реџе-Жан Пејџ во главните улоги.

 

OhridNews