Напаѓачот на македонската репрезентација до 21 година, Илија Несторовски во наредната сезона како позајмен играч ќе настапува за Викторија Жижков.


Прилепчанецот Несторовски во првиот дел од сезоната 2009/ 10 во дресот на Победа на 15 натпревари постигна 10  гола што беа најдобра препорака да замине во Словачко. Таму мина година и пол, а во 28 настапи постигна само два гола.

Илија Несторовски ( напаѓач)
2009/2010 Победа Прилеп (15 настапи, 10 голови)
2009/2010 ФК Словачко (1 гол, 11 настапи, 5 стартер, 6 од клупа, 450 минути одиграл)
2010/2011 ФК Словачко (1 гол, 17 настапи, 9 стартер, 8 од клупа, 751 минута одиграл)
2011/2012 Викториа Жижков

Доскорешниот младински репрезентативец на Македонија У21, Зоран Златковски кој по истекувањето на договорот во Бугарија со второлигашот Лудогорец беше слободен играч, по неколку неделно “одмарање” потпиша со Иранскиот прволигаш Малаван. Дебито се очекува да го има во гости против тимот на Персеполис на 2-ри август (Илинден), кога и почнува новата сезона во Иран.

2004/2005 Банско
2005/2006 до 2007/2008 Локомотив Пловдив
2007/2008 до 2008/2009 Славија Софија
2008/2009 Вихрен Сандански
2009/2010 и 2010/2011 Пирин Благоевград
2010/2011 Лудогорец Разград

В.Б.