Фудбалерите на Удинезе освоија многу важни три бодови на гостувањето во Торино, совладувајќи го истоимениот состав со 3-2, во 11-та рунда од Серија А. Стрелец на погодокот вреден три бодови беше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски. Голгетерот во игра влезе во 61-та минута, а во 68-та при резултат 2-2 ја погоди мрежата на Торино за водство 3-2, кое на крајот се покажа доволно за победа и три бодови.
За македонскиот репрезентативец кој мечевите ги започнува од клупата ова беше прв погодок сезонава. Несторовски после мечот рече дека погодокот за победа е награда за тренирањето и трпеливоста кога не добива шанса.
OhridNews