Прославата со гестикулации и пцовки на јубилејниот десетти погодок на Илија Несторовски во македонскиот дрес предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Несторовски немаше доблест да се извини за испадот, туку додаде масло во огнот, откривајќи дека навредите биле конкретно наменети.

Навредата беше наменета за три личности кои три дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се“, напиша Несторовски на Инстаграм.

Селекторот Игор Ангеловски бил прашан на средбата со медиумите за испадот на Несторовски, но рекол дека ќе коментира откако ќе ја види снимката.

OhridNews

 

Македонија го растури Лихтенштајн за прва радост во мундијалските квалификации (видео)

Неопростлив пропуст на Несторовски: Постигна гол од пенал и упати пцовки до македонската јавност