Mакедонскиот репрезентативец, Илија Несторовски, од наредната сезона ќе се пресели во Палермо, откако е договорен трансферот помеѓу неговиот клуб Интер од Запрешич и тимот од Сицилија. 

„Кога скаутот на Палермо дојде да види како напредува голманот Јосип Посавец, ме забележал и мене и го подвлекол моето име со дебел фломастер, еве сега можам да кажам дека трансферот е реализиран. Многу сум среќен, бидејќи моја желба е да играм во Серија А, иако имав финансиски подобри понуди од екипи од Холандија и Белгија“, рекол Несторовски за хрватските медиуми, а пренесува „Макфакс“.

Несторовски со Палермо потпишал четиригодишен договор, а сегашниот тим Интер од Запрешиќ како обесштетување ќе заработи речиси 500.000 евра. Македонскиот репрезентативец, на полусезоната со 13 постигнато голови е најдобриот стрелец во хрватскиот шампион.

Доколку Палермо избори опстанок (тимот има 18 бодови по 18 одиграни натпревари и се наоѓа на 16-то место), тогаш Несторовски заедно со репрезентативниот колега Александар Трајковски од наредната сезона заедно ќе игра во Серија А. Дел од Калчолигата е и Горан Пандев, но и тој со Џенова ќе има тешка задача да избори опстанок во Серија А. 

Ohridnews