Името на Илија Несторовски се најде на списокот од 32.фудбалери од Удинезе кои ќе бидат дел од подготовките за претстојната натпреварувачка сезона во Серија А.

 

Тоа значи дека популарниот „Несторгол“ ја пребродил повредата на коленото која не му дозволи да игра за Македонија на Европското првенство во фудбал.

Несторовски се повреди на еден од последните тренинзи во пресрет на завршување на минатата сезона и мораше да се оперира за да ја санира повредата на коленото.

Удинезе во текот на подготовките во Австрија ќе одигра неколку контролни средби.

Новата сезона во Серија А, тимот од „Фриули“ ќе ја започне против Јувентус.

OhridNews