Младинскиот репрезентативец од редовите на Металруг, Илија Нестороски позитивно гледа на одложувањето на мечот ов квалификациите со соодветната селекција на Северна Ирска, кој беше закажан за 29 февруари.
– Добро е што мечот со С.Ирска е одложен, најголемиот дел од фудбалерите не се во натпреварувачка форма , но и терените не се подготвени. Од овие квалификации очекуваме многу, во трите досегашни меча немаме пораз, се држиме на врвот на табелата и имаме реални шанси да останеме таму и да нападнеме некое место кое води во баражот – вели Несторски кој со тимот на Металург е на подготовки во Охрид.
Новиот термин за одигрување на мечот е 10 мај.
фото “Емилио“
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com