Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно, со локален дожд и грмежи и со услови за локална поја на град. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 24 степени Целзиусови.

До понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Врнежите локално ќе бидат поројни и понекаде се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Од среда нестабилноста ќе се намали, но и понатаму ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, информира УХМР Македонија.

OhridNews