До средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска, претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Максимапната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 29 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8.

И во недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилновреме на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Минималната темпаратура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе се искачи до 26, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 7.

OhridNews