Настапот во Лигата на Шампиони на столбот на одбраната на Милан, Неста ставен е под знак прашалник. “Росенерите“ првиот натпревар го играат на 15 февруари на Сан Сиро против англискиот Тотенхем.
Алесандро Неста го зголеми болничкиот ростер на Милан откако на него се најдоа: Џенаро Гатузо, Кларенс Сидорф, Боатенг, Андреа Пирло и Џанлука Замброта.
Дополнителен проблем за Масимилијано Алегри ќе преставува невозможноста на Антонио Касано да настапува во Лигата на Шампиони. Зимското засилување на “росонерите“ настапи во квалификациите за Лигата на Шампиони во дресот на Сампдорија.