Натпреварот од првото коло од пролетниот дел од шампионатот во Втората МФЛ, Охрид – Шкендија, ќе го води битолчанецот Зоранчо Илиевски. Негови помошници ќе бидат Злате Лозаноски и Васко Клочовски, сите од Битола. Четврти судија е Петар Велјановски.


Илиевски во досегашните 13 кола, три пати ја делеше правдата на натпревари на кои играа “рибарите“, а и трите меча завршија со пораз на охриѓани.

Во рамките на 2- то коло на “Билјанини“ против Брегалница 0:3, во 4 – коло против Влазними во Струга со 1-0 и во последното 13 коло Охрид – Шкендија 1-3, кој се одигра на теренот во с. Велмеј.

М.П.