Охридските ракометари претрпеа минимален пораз 27-26 (14-15) на гостувањето во Штип од тимот на Текстилец во првиот меч од продолжението во Супер лигата.

Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски имаа водство по првите триесет минути, но не успеаја да го задржат и го претрпеа осмиот пораз сезонава.

Во вториот натпревар од пролетната полусезона охриѓани на домашен терен ќе го пречекаат „стариот должник“ Радовиш.

Мх.П.