Домаќините се тие кои треба да жалат за прпуштената прилика да “матираат“ уште еден прволигаш во Велмеј.
Имаа повеќе од играта како и неколку “100 % “ шанси но Мурџоски биеше во голманот, Клечкароски во стативата а Милошевски го префрли голот.
Казната за сите тие промшувања стигна во судиското надополнување. Во контранапад повратникот во мак – фудбалот Артим Шаќири прифати една топка им избега на своите чувари и како на тацна го послужи Ферати кој не можеше да промаши.
Реванш натпрварот се игра на 7 ноември во Тетово.
Илинден – Шкендија 0-1 (0-0)
Стрелец Ферати 90 мин