Елиминацијата на Интер и пласманот на Јувентус во финалето во Купот на Италија тешко ги поднесе стратегот на „нероазурите“, Антонио Конте, кој имаше неспортски испад после завршување на натпреварот. Конте при излезот од тревникот на стадионот покажа среден прст кој беше наменат за управата на Јувентус. Првиот човек на „бјанконерите“ Андреа Ањели го забележа потегот на Конте и му возврати со погрдни зборови.
За потсетување, Конте е фудбалска легенда на Јувентус, играјќи 13 сезони (1991-2004). Тој беше и тренер, предводејќи ги клубот три сезони од 2011 до 2014 година.
OhridNews
Јувентус преку Интер во финалето во Купот на Италија (видео)