Несовесни граѓани крадат струја од уличното осветлување, констатирала контролата на стручните служби на локалната самоуправа, ишто била извршена деновиве. При тоа било утврдено дека дека голем број граѓани во повеќе делови на општината на недозволен начин  користат електрична енергија за свои потреби преку диво приклучување на мрежата на уличното јавно осветлување. Според законот крадењето електрична енергија претставува кривично дело, а  „досетливите“ сограѓани сметаат дека ќе останат неоткриени и на тој начин нанесуваат големи финансиски штети на општината, велат градските власти.


несовесни граѓани крадат струја од уличното осветлување

Со цел да се стави крај на ваквата појава, стручните служби на општинската администрација денеска, јавно, го упатија последното предупредување до сите прекршители, со напомена дека во наредниве денови против нив  ќе бидат поднесени кривични пријави а трошоците за интервенцијата на стручните екипи  при исклучувањето  ќе ги сносат оние кои ја краделе струјата.

Ohridnews