Утрово, дежурни екипи на јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ затекнале целосно  уништен пластичен контејнер на улицата „Пере Тошев“, во близина на градинката „ Росица“,  кој изгорел како последица од депониран запалив отпад.

– Честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на несовесни граѓани со што доаѓа до самозапалување на отпадот. Истото претставува не само проблем за нас, туку и за случајните минувачи и останатите жители затоа што може да предизвика штети од поголем размер, велат од јавното претпријатие.

Оттаму упатуваат апел до граѓаните да внимаваат што депонираат во контејнерите, а истовремено ги повикуваат инспекциските служби да ги санкционираат несовесните граѓани.

OhridNews