Возач на патнички автомобил со стари охридски таблички кои го означуваат регионот на Струга, попладнево дивееше низ улиците на Охрид. Несовесниот возач најпрвин беше забележан како вози брзо, стартува, туражура и нервозно претекнува во сообраќајната мешаница на булеварот „Македонски Просветители“. Откако направи повеќе кругови свртувајќи го вниманието на збунетите минувачи продолжи кон булеварот „Туристичка“. Таму подоцна беше сопрен од полицијата која по куса расправија го приведе.

Во возилото на приведениот возач имаше жана и малолетни деца.

Полицијата работи на расветлување на инцидентот, и најави повеќе информации за утре.

OhridNews