Келвин Харис поради Тејлор заборави на „плејбојските“ денови, но се чини дека пејачката не го заборави своето минато. Како што пренесува трачерскиот портал „Hollywood Life“, на славниот диџеј не му се допаѓа фактот што неговата девојка сеуште се препира со поранешното момче Хари Стајлс и што воопшто зборува за своето минато.
Добро упатен извор открива дека Келвин се откажа од своите денови кога беше опркужен со девојки и се вложи во врската со Тејлор. Логично е дека сака и таа да се сврти кон иднината и да заборави на се она што било претходно. Не сака кога таа ги споменува своите поранешни, дури и во лош контекст. Многу е љубоморен кога се во прашање такви нешта. Проблемите започнаа кога Тејлор „лајкна“ објава на која пишувало дека Хари Стајлс е детинест, оставајќи впечаток како сеуште да ја мачи нивното раскинување. После тоа Келвин морал да го затвори својот Инстаграм профил, поради лошите коментари кои му ги упатиле фановите на Хари. Се чини дека Тејлор ќе мора внесе некоја промена доколку сака да си го задржи момчето.