Еден од најдобрите атлетичари и спортисти на Олимписките игри, Јусеин Болт неславно ја заврши фудбалската кариера. Тој се повлече од фудбалот, откако клубот Централ Коуст Маринерс каде што тренираше и играше не му понуди професионален договор.
- Не сакам да кажам дека кариерата не се одвиваше на начинот кој јас го сакав но беше забавно. Уживав да бидам дел од тимот и можам да кажам дека е спротивно од атлетиката. Беше убаво додека траеше – изјави Болт.
Освојувачот на осум златни олимписки медали после завршувањето на фудбалска авантура ќе се насочи кон своите работни обврски.
- Мојот живот во спортот е завршен. Сега сум уклучен во различни работи. Имам многу планови, а еден од нив да станам бизнисмен. – додаде Болт.
Рекордите на 100 и 200 метри се` уште се во сопственост на Болт. 32-годишниот Јамајканец на 100 метри има рекорд 9.59 додека на 200 метри (19.19).
OhridNews