Атмосферата во македонскиот ракометен првак Металург е сериозно разнишана, но не од поразот од ПСЖ во ЛШ туку околу иднината на клубот и играчите кои веќе два месеци немаат земено плата пренесува „Македонски спорт“.
Ако клубот во најбрз можен рок не ги подмири платите на играчите, според прописите на ЕХФ тие можат слободно да си побараат нов клуб на штета од стариот.
Конечната одлука за иднината на клубот треба да се донесе деновиве кога ќе се состанат играчите и управата на Металург.
Новонастанатата ситуација во тимот од Автокоманда не му оди никому во прилог, а најмалку на македонскиот ракомет кој ќе „плати“ најмногу од евентуалното црно сценарио во Металург.
Мх.П.