Сите пеги од страната на Сонцето која е свртена кон Земјата исчезнаа, велат научниците од институтот за физика „Лебедев“ во Москва, Русија, кои тврдењето го поткрепиле со фотографии снимени пред две недели. Според нив тоа укажува на промени кои ќе доведат до Мало ледено доба на Земјата.
Дека нешто во ред со Сонцето укажа и НАСА во септември, кога беше регистрирана најсилната соларна бура во последните 12 години, што е невообичаено бидејќи ѕвездата навлегува со соларен минимум, кога активностите на нејзината површина стануваат минимални.
НАСА минатата година набљудувала повеќе ѕвезди од типот на нашето Сонце и најави дека навлегува во последната фаза од еволуцијата. Тоа значи дека 11-годишните циклуси на Сонцето ќе исчезнат и ќе има значително помалку пеги отколку во првата половина од животот проценет на 10 милијарди години, пишува “Russia Beyond”, пренесува „Блиц“. Научниците претпоставуваат дека тоа ќе се одвива полека, но според експертите од институтот „Лебедев“ веќе се случило и дека заедно со пегите исчезнале и соларните факли.
Според руските научници Сонцето се приближува кон вториот минимум, кој ќе го достигне на крајот од 2018 година и во првата половина од 2019 година. Но тоа е само првата фаза од процесот. Тие велат дека областите на жешки плазми ќе исчезнат, а потоа сончевото зрачење ќе падне на нула. На крајот соларната магнетна енергија ќе изчезне во целост. Во таков облик Сонцето може да живее неколку месеци до една година, по што повторно ќе се активираат неговите магнетни полиња и ќе започне нов 11-годишен циклус, објаснуваат научниците од Русија.
Последиците по Земјата би можеле да бидат студ, мраз, снежни врнежи. Последното таканаречено Мало ледено доба се случило во 17 – 18 век, што се совпаѓа со тогашниот соларен минимум на Сонцето кога тоа немало пеги речиси 50 години. Малото ледено доба во Европа и Северна Америка донело поладни зими. Во средината на 17 век фармите во Швајцарија ги уништиле глечерите, каналите и реките во Британија и Холандија често мрзнеле, а првите доселеници во Северна Америка говореле дека зимите се необично студени.
OhridNews