Центар за култура „Григор Прличев“

Од 16.09.2023 - 20:00 до 16.09.2023 - 22:00

Во сабота, 16 септември, со почеток во 20 часот пред охриѓани ќе биде изведена претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников во Центарот за култура „Григор Прличев“.

„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест – информираат од Народниот театар од Охрид.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.

Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата на Центaрот.

OhridNews