Центар за култура „Григор Прличев“

Од 27.01.2024 - 20:00 до 27.01.2024 - 22:00

Претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников повторно на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во сабота, 27 јануари, со почеток во 20 часот.

„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.

Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата на Центaрот.

OhridNews