Една жена и нејзините две ќерки добиле многу повеќе отколку што очекувале од разгледувањето на Виена со фијакер, кога коњите ги одвлекле во диво возење, оставајќи го зад себе пијаниот кочијаш.

Локалната полиција соопштила дека два коњи, впрегнати во фијакер, одненадеж го оттргнале кочијашот кој сакал да ја отвори вратата од кочијата за да се качат трите патнички.


Коњите  избегале во центарот на градот, преку мостот на Дунав, а кочиите притоа изгребале два автомобили, по што коњите се откачиле.

Патничките, 39-годишна жена и нејзините две малолетни ќерки, за време на “дивото возење“ не се повредени, јавила полицијата, која не навела од која земја се трите патнички кои биле на патување во Виена. Коњите поминале само со полесни повреди.

Кочијашот е обвинет за возење во алкохолизирана состојба, откако со алко-тест е утврдено дека е пијан.