Супер популарниот панк рок бенд “Новиот Почеток” од Скопје, го промовираше својот четврти албум “Јас сум земја” пред охридската публика. Бродот Александрија 2 беше претесен да ги собере сите фанови кои сакаа да бидат дел од ова несекојдневно шоу, единствено до сега во водите на Охридското Езеро.
Честа да ги поздрават присутните ја имаа локалните хардкор херои „ Хардфејсд“ кои со дваесетминутно редуцирано шоу ја загреваа публиката, пред настапот на “Новиот Почеток”, кои покрај промоцијата на албумот, ги свиреа и останатите хитови од претходните три албуми.
OhridNews