Од 10 до 31 декември, NESCAFÉ низ неколку промоции подарува 2.500 шолји топло кафе и исто толку новогодишни подароци на случајните минувачи низ неколку градови во Македонија. Покрај жителите на Скопје, топлото кафе деновиве стигна и до битолчани, прилепчани и струмичани.
Оние кои во рамките на кампањата „NESCAFÉ ве буди и ве наградува“ првото утринско кафе ќе го испијат на градските улици, во духот на претстојните новогодишни празници добиваат и интересни подароци. Имаат можност да извлекуваат картички што им носат вредни подароци, меѓу кои има црвени NESCAFÉ шалови, термоси, шолји, нотеси, NESCAFÉ производи и други награди.
Тимовите на NESCAFÉ исто така ги посетуваат и факултетите и читалните, за да им помогнат на студентите при подготвувањето на испитите. Со освежувачкото NESCAFÉ 3in1, студентите се дружат на паузите од учењето, а добиваат и NESCAFÉ 3in1 „индекси“ со гратис кафе. Студентите што ги пополнуваат овие „индекси“ на креативен начин, ги фотографираат и ги испраќаат на Facebook страницата NESCAFÉ 3in1, како подарок може да добијат пакет NESCAFÉ 3in1 кафе.
Авторите на фотографиите кои ќе соберат најголем број лајкови во Facebook албумот ќе добијат залиха од ова омилено кафе за целата академска година! На студентите до сега им се поделени 50.000 индекси и околу 80 подароци.
OhridNews