Нереди во Тетово, лесно повредени четворица полицајци
03.11.10 17:37
– Четворица полицајци се лесно повредени, оштетени се околу 15 продавници и неколку возила, во немирите што настанале по фудбалскиот натпревар меѓу двата тетовски фудбалски клуба Тетекс и Шкендија, соопшти СВР Тетово.
По натпреварот, на кој победил фудбалскиот клуб Тетекс навивачите на Шкендија-Балистите се упатиле кон трибината каде што се наоѓале тетовските фанови.Откако полицајци ги спречиле, Балистите почнале да фрлаат камења кон нив.
Полицајците ги растерале навивачите, кои се разбегале кон околните улици,при што оштетиле неколку продавници на улицата „Иво Лола Рибар“и неколку возила.
Како што соопштуваат од СВР Тетово, моментално ситуацијата е мирна. Ова не е прв инцидент на оваа навивачка група. Припадници на навивачката група „Балисти“, минатиот месец, на фудбалскиот натпревар Напредок – Шкендија во Кичево, на полувремето од јарболите го симнаа македонското знаме и го фрлија на земја, а на нивно место ставија албанско знаме.
Одиграно второто коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати Моментална табела после второ коло Пи...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 20-то коло од Втората македонска фудбалска лига викендов гостуваа на Башкими Натпреварот се игра утре со почеток во 14 часот на стадионот во Куманово OhridNews...
Ќе дадеме се од себе во последниот натпревар пред плеј-офот со Вардар да извојуваме победа за нашите навивачи, вели бекот на ГРК Охрид, Рудолф Шафранко OhridNews...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.