Невидена трилер завршница понуди последната рунда во најдобрата хрватска фудбалска лига. Најголем губитник беше Осиек, a победник Локомотива. Осиек во директна пресметка со Локомотива за пласман во квалификациите за Лигата на Шампиони изгуби и остана со празни раце. Локомотива заедно со првакот Динамо Загреб обезбедија билет за учество во ЛШ.
Навивачите на Осиек поради забраната за публика мечот со Локомотив го проследија на видео бим пред стадионот. Кога мечот заврши и Осиек отпадна во трката за пласман во ЛШ, навивачите се обидоа да влезат на стадионот. Полицијата ги запре резлутените навивачи, но битката беше жестока. Има многу повредени, а голем дел од нив се деца кои завршиле во болница.
Navijači Osijeka pic.twitter.com/Ef9NykQOw7
— SportTime (@SportTi43915378) July 26, 2020
OhridNews