Во првите девет месеци од оваа година евидентирани се  вкупно 208  кривични дела извршени од 404 сторители, од кои 20 се случиле на територијата која ја покрива СВР Охрид, соопшти МВР. Оттаму информираат дека ефикасноста во откривање на облиците на организиран криминал е во зголемување за 18,6 %, споредено со истиот период претходната година.

Во анализираниот период, регистрирано е зголемување на бројот на кривичните дела „фалсификување пари“. Вкупно  на целата територија на државата регистрирани се 101 кривично дело „фалсификување пари“. Од тоа 15 случаи се евидентирани во Охрид, а 8 од нив сеуште се нерасветлени, информираат од МВР.

Ohridnews