Управување со автомобилот со непрописна брзина и пукнатата гума се причините за сообраќајката со трагичен крај во која животот го загуби Хозе Антонио Рејес и неговиот братучед Џонатан Рејес. Истрагата од шпанската полиција полека ги открива деталите кои дополнително ќе ги соопшти.
Според шпанската полиција Рејес автомобилот го управувал со 220 километри на час а дозволена брзина на автопатот по кој возел фудбалер е 120 километри. Рејес и неговиот близок роднина починале на лице место и не давале никакви знаци на живот кога стигнала брзата помош, додека третиот човек кој се наоѓал во автомобилот со тешки телесни повреди и префрлен и задржан во болница.
- Истрагата е се` уште отворена поради тоа не можеме да ги кажеме дека брзината е единствена причина за несреќата. Исто така не можеме да ја кажеме точната брзина со која се случила несреќата, но според нашите извештаји таа е 220 километри на час. – стои во соопштението од полицијата.
Офанзивниот фудбалер ги помина сите младински категории на Севиља, а потоа преку Б-тимот стигна до првиот, каде дебитираше со само 16 години. Потоа направи богат тансфер во Арсенал, од каде една сезона играше на позајмица во Реал. Потоа четири години беше под договор со Атлетико Мадрид, а имаше и една авантура во Бенфика. Во 2012 одново го облече дресот на Севиља каде остана до 2016. Една сезона беше дел и од Еспањол, па се пресели во втората лига со Кордоба. Неколку месеци играше и во Кина, за во јануари да потпише со уште еден шпански второлигаш, Екстремадура.
OhridNews