Германските полицајки ќе добијат нови непробојни градници. Непробојните градници иако успешно го застануваат градникот ги туркаат пластичните и металните делови на градникот во месото.

-Ова може да спаси нечиј живот. Не е шега – изјавила полицајката Кармен Кибат од Хамбург која го тестирала новото парче долна облека. Таа ја организирала акцијата „Градник“ низ Германија, чија цел е да ги презентира градниците на полицајките.


Градниците се украсени со зборот „Полиција“. Направени се од памук, полиестер, ластици и синтетика. Густо се ткаени и немаат никакви метални или пластични затворачи. Дури три илјади полицајки ќе мора од сега да ги носат непробојните градници кога се на должност. Шефовите им дозволиле на своите работници три парчиња по особа.
-Работаме пионерска работа. Сигурноста на нашите полицајки е најважна. – вели полицискиот портпарол.