Неколку дена во текот на ноќта и на утро во Охрид се чувствува непријатна миризба од чад кој доаѓа од депонијата Буково.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, причина за непријатната миризба е пожарот на депонијата Буково, кој тлее веќе неколку дена.

И утрово пожарникари од ТППЕ Охрид интервенираат на депонијата, но гаснењето на  пожарот оди тешко поради големото количество смет кој се таложи со децении и гасовите кои се создаваат од ѓубрето.

Депонијата Буково е жешка еколошка точка со години и треба да се затвори и санира, но тоа не е возможно пред да биде изградена регионална депонија во Југозападниот плански регион, исклучително важно прашање кое никако да добие приоритет.

Г.М.