Водителот Џон Стјуарт го исфрлил Хју Грант од својата шоу програма. Причина за тоа е што британсакта ѕвезда се однесувала многу непристојно кон екипата која работела на емисијата.
Хју бил многу непристоен, и како што рекол Стјуарт, повеќе никогаш немал да го покани да биде гостин. Рекол дека на сите им задавал големи маки и дека бил многу тежок. Хју исто така се жалел на клип кој бил емитуван во емисијата по повод неговиот филм “Did you hear about the Morgans?”, и рекол дека видео снимката била ужасна.