Како што информираат од СВР Охрид, во тешката сообраќајна незгода што синоќа се случи во 19 часот и 54 минути на регионалниот  пат  Струга- Подмољје, од силината на ударот и здобиените повреди на лице место починал Ајнур Ц. (29) од Кичево. На местото на настанот, смртта била констатирана од доктор од брзата помош во Струга. 

– Во незгодата со тешки телесни повреди фрактура на лева клучна коска и фрактура на три ребра на лева страна се здобил возачот  на возилото М.М (28) од Кичево. Тој со возило на брза помош е пренесен во Општа Болница-Струга-хирургија од каде  е префрлен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид, а потоа во општата болница Охрид хирургија каде истиот е задржан на понатамошно лекување. Совозачот Е.М. (24) од Кичево се задобил со фрактура на карлица и фрактура на пет ребра на лева страна  од граден кош. Тој е пренесен во болницата „ Св.Еразмо“, а потоа во охридската Општа болница, во хируршкото одделение, каде е задржан на понатамошно лекување, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Сопатниците во возилото Р.Х. (18) и Д.И. (20) двајцата од Кичево се задобиле со телесни повреди во вид на изгреботини и набиеници во пределот на главата и телото. Тие со возило на брза помош се пренесени во Општа болница-Струга, а по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Сообраќајната незгода е случена поради можна неприлагодена брзина на управување на возилото према условите на регионалниот пат. Возачот М.М. изгубил контрола над возилото кое излетало од коловозот и паднало во канал на десната страна. На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај-Струга.

OhridNews