Поради променливото време и ниските температури, некарактеристични за овој период од годината, се пролонгира и цветањето на водните алги во езерото. Наместо како што тоа вообичаено се случувало- во мессец јуни, годинава алгите започнаа да цветаат во јули.



Деновиве, ветровитото време и брановите ги исфрлаа алгите на кејот и како резултат на нивното распаѓање се шири непријатна миризба. “ Со брановите не се исфрлаат само алги туку и покрупни растенија кои како органска материја, а поради топлото време, се распаѓаат  и затоа се шири непријатаната миризба”, објаснуваат од Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Ohridnews