-Се работи за две семејства од Русија кои во Охрид допатуваа со своите малолетни деца на возраст од 8 месеци до 5 години. Тие при сместувањето уредно ги доставија потребните лични податоци и патни исправи, но сопственикот на сместувачкиот објект задоцнил со нивно пријавување во полицијата. Поради тоа полицијата ги одзела пасошите на гостите од Русија кои беа повикани на идентификација во одделението за странци, раскажува Моцан.
Тој вели дека нивните непријатностите не завршиле тука, бидејќи во предвиденото време кога тие биле повикани во полицијата немало кој да ги прими и да им ги врати пасошите. „Службените лица во тој момент беа отсутни, а пасошите на руските туристи кои веќе имаа испланирано заминување од Македонија им беа вратени со неколкучасовно задоцнување попладнето“, додава Моцан.
Според него ваквиот однос кон странски туристи не е добра реклама за Охрид. „Дали тие луѓе своето доаѓање во Охрид ќе го паметат по прекрасните убавини кои имаа можност да ги видат или по проблемите со бирократијата“, прашува адвокатот Моцан.