Актерот Џејк Гиленхал кој е познат најмногу по својата улога во филмот „Принцот од Персија“ во кој ги прикажа своите совршено оформени мускули, денес е речиси непрепознатлив бидејќи е ослабен за 10 килограми и тоа за потребите на филмот “Nightcrawler” во кој игра главна улога. Актерот е видливо ослабен така што лицето му е ослабено, нема образи, а тој вели дека сака неговиот лик „Лу“ да изгледа како буквално да е „прегладнет“.
Снимањето на филмот се одвива во град во кој владее сиромаштија, односно најпрво се работи за град во кој владее богатството, но сето тоа се менува и градот се претвара во пустелија и сиромаштија – вели Гиленхал. Кога бил запрашан како успеал да ослаби толку многу, актерот изјавил дека го обожава филмот и ликот и поради тоа и успеал во намерата со намалувањето на килограмите.