Работите на теренот со вештачка трева кој ќе ја збогати фудбалската понуда во Охрид се одвиваат непрекинато и забрзано.

Јавното претпријатие „Нискоградба“ со поставувањето на цефките Ф 1000 ја оформи инфраструктурата за наводнување и дренажата на теренот. Исто така се подготвува местото на кое ќе биде поставена вештачката трева.

Теренот со вештачка трева е по стандардите на ФИФА, а е во проектот од 30 терени ширум Македонија од фудбалската федерација и чини околу 200 000 евра.

Извор : „Ohrid.gov.mk“

Мх.П.