Амак Сп против скопски МЗТ Фон ќе го заокружи првиот круг. Денешниот натпревар во Билјанини ќе биде враќање во Охрид за минатогодишниот капитен на охридскиот тим Ангел Тасески, додека пак Лазовски и Агоч ќе спарингуваат со ланските соиграчи.
– Ова е нов натпревар, нов начин на игра. Сите знаеме дека МЗТ се незгоден тим, секого може да победат и од секого да загубат, сепак не би сакал да не изненадат овде во Охрид – вели Лазовски додава, се надевам дека ќе ја надмине психиолошката бариера наречена домашен терен и во добра игра ќе ја израдуваме охридската публика.
Покрај мечот Амак Сп – Мзт Фон, уште играат : Поп Спорт – Фени , Пелистер – Фени, Овче Поле – Торус, Вардар – Работнички