Контролата паралелно била направена на граничмиот премин Табановце и во Охрид, при што се констатирани осум прекршувања на Законот – непоседување на соодветна дозвола за вршење превоз или нерегистриран возен ред. Извршена е и контрола на меѓуопштинскиот слободен превоз на патници, при што се констатирани десет прекршувања на Законот – непоседување на договор за превоз со список на патници. При контролата на посебниот линиски превоз на патници, биле констатирани две прекршувања на Законот – непоседување на соодветна дозвола, додека при контрола на превозот на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќајбиле констатирани 22 прекршувања на Законот.
Против прекршителите ќе бидат преземени соодветни законски мерки.