Ресторанските работници ширум САД овој Божик го дочекуваат со широки насмевки и неочекувани напојници од непознато лице, кои достигнуваат и до 10 илјади долари. Среќниците кои ги добиле астрономските напојници се фотографирале со сметките на кои може да се види висината на истите, со рака напишано „Напојници за Исус“ и нечитлив потпис. Човекот кој оставал напојници оставил својата трага од источниот до западниот брег на САДм па дури и во Мексико.
Еден колнер во Феникс добил напојница ос 2500 долари, додека со сметка од 111,05 долари во еден ресторан во Њујорк била приложена напојница од 1000 долари, со порака „бог да ве благослови“. Фотографиите со неверојатните напојници поставени се на друштвената мрежа за размена на фотографии и видео материјал Инстаграм.