Судбината на 2.150 Албанци, Срби и припадници на другите етнички заедници до денеска сеуште е непозната соопшти УНМИК.

Според истиот извор, по судирите на Косово во 1999 година евидентирани се 5.206 исчезнати лица. Според УНМИК, заклучно со 1 декември оваа година, 1.807 исчезнати лица се прогласени за мртви.По идентификувањето посмртните останки им се предадени на семејствата.

„Расветлувањето на судбината на исчезнатите е долг и деликатен процес со исклучителна важност, како за семејствата на исчезнатите, така и за стабилизацијата на регионот“, се наведува во соопштението на УМНИК.