Во петокот бил извлечен добитник на неверојатни 40 милиони евра на лотото Еуромилионс. Талонот е уплатен во Велика Британија, но не е познато кој е среќниот добитник. Се работи за третата најголема сума во историјата на лотото во Велика Британија.


Добитникот веќе во понеделник ќе може да ги подигне парите, веднаш штом се отворат банките, а до тогаш може да одлучи дали ќе и се претстави на јавноста. Минатиот месец британецот Најџел Пејџ освоил 56 милиони фунти на истото лото.