Еден непознат човек од Велика Британија во понеделникот, во канцеларијата на Еуро Милионс лотаријата, приложил тикет и тврди дека токму тој освоил околу 100 милиони евра на лото. Доколку тикетот се покаже како исправен, човекот и можел да ја освои најголемата премија во историјата на лотото во Велика Британија.


Рекордот за сега го држат Најџел Пејџ и Џастин Лејкок од Глочестершир кои освоиле околу 70 милиони евра на истото лото. Победникот на последното коло на лотото моментално се наоѓа на 789 место на листата на најбогати луѓе во Велика Британија.