По завршувањето на првиот уписен рок за запишување во охридските средни училишта има 384 слободни места.

Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ слободни се 50 места во гимназиската, 12 во здравствената и 9 во економската струка. Во ЕМУЦ има слободни места за вкупно 215 ученици во сите образовни профили, а интересно е тоа дека за новоформираната паралелка за резбари која треба да брои 34 ученици во првиот уписен рок нема заинтересирани ученици. Во ОУТУ „Ванчо Потошески“ слободни места за второт пријавување во првиот уписен рок останаа 51 за келнери, 34 за готвачи и 13 угостителски техничари.

Второто пријавување  во првиот уписен рок е закажано за 1 и 2 јули, а резултатите , основците ќе ги имаат наредниот ден.
    
Критериуми за упис во средно образование се средниот успех на учениците од петто до осмо одделение, успехот по четирите предмети  кои се најзначајни за струката што ја одбрале,како и  дипломи за освоени награди на  натпревари.

Ohridnews