Охриѓанецот Ристе Маленко деновиве започна акција за собирање потписи за неменување на уставното име на земјата. Ристе Маленко веќе 16 години боледува од мултиплекс склероза и е неподвижен во последните 6 години. Поради тоа тој акцијата ја започна во својот дом кој се наоѓа на улицата „Димитар Влахов“ позади обложувалницата „Депортиво“.

Во акцијата на Ристе Маленко му помагаат неговите најблиски. На почеток потписите ќе се собрират пред неговата куќа, а наскоро акцијата ќе продолжи на ударни места во чаршијата и на плоштадот.


Куќата на Ристе Маленко

И покрај тешката болест, најголема желба на Ристе Маленко е да се сочува уставното име на земјата,  поради што тој ја покренал оваа граѓанска иницијатива.

Горан Момироски