“Старата дама“ ја продолжи серијата без порази во “Калчо Лигата“ на 49 меча. Зад ваквиот развој на настаните се крие непобедливиот Андреа Пирло, кој цели две години не знае за пораз во натпреварите од Серија А. Последен пат Пирло во италијанската лига загубил на 30 октомври во дресот на Милан, и тоа од сегашниот клуб Јувентус.
Големи заслуги за “челичниот“ Јувентус одат за тренерот на “бјанконерите“ Антонио Конте, кој моментално ја отслужа казната за вмешаност при местење натпревари и екипата ја води од трибините.
Сепак двигател на овој Јувентус, кој има сличности на оној од деведесетите години има “маестро“ Пирло.