Неписмен рибар од Хонг Конг тужи кинеска банка и вели дека банкарскиот службеник го излажал за да вложи пари во банката „Lehman Brothers“.


Лаи Кам вели дека него и неговата сопруга службеникот во кинеската банка ги наговорил да вложат околу 100.000 американски долари во банката на пет години, уверувајќи го дека е тоа инвестиција со мал ризик, која ќе им донесе добивка.

Лаи вели дека никогаш не добил ниту прочитал какви било документи во врска со парите што го вложил.

„Ништо не прочитав. Но тоа и така е бесмислено бидејќи сум неписмен. Верувам дека банката ме излажа бидејќи сум неписмен“.

Банката „Lehman Brothers“ пропадна во септември.