Тим непалски планинари влезе во историјата на алпинизмот со првото зимско искачување на вториот највисок врв во светот К2, соопштија пакистанските власти.

Екипа од 10 непалски шерпаси попладнево се искачија на К2, изјави секретарот на Пакистанскиот алпинистички клуб (АЦП), Карар Хаидри, за ДПА.

Врвот К2, висок 8.611 метри, познат и како „Дивата планина“, се наоѓа во северен Пакистан недалеку од границата со Кина.

Досега тој беше единствениот врв повисок од 8.000 метри каде не беше изведено зимско искачување.

Врвот за првпат беше освоен на 31 јули 1954 година.

Повеќе од 50 планинари од целиот свет, кои се дел од три меѓународни експедиции, исто така, ќе се обидат да го искачат врвот оваа зима.

Доаѓањето до К2 се смета за многу потешко искачување од тоа до највисокиот врв во светот, Монт Еверест.

OhridNews